Четири концерти на фестивалот „Блуз и соул“

99

На „Блуз и соул фестивалот“ кој ќе се одржува утре и задутре во „Станица 26“ од 21 часот ќе има по два концерта на вечер – три со странски изведувачи и еден домашен бенд.

Утревечер ќе гостува грчкиот состав –„Zippy Nappers”, а потоа американско-италијанскиот бенд  „Leon Hendrix & Fulvio Feliciano Band“ на Леон Хендрикс, брат на легендарниот Џими Хендрикс, кој првпат ќе гостува на Балканот. Тој учествува на настапи и фестивали посветени на неговиот покоен брат Хендрикс, самостојно, но и како дел од бенд.

Задутревечер од 21 часот ќе настапи унгарскиот состав „Török Fehér Duó”, а по нив  шестчлениот македонски блуз-рок бенд „The Mole Pack”, кој има силни влијанија од прогресивната блуз-рок сцена од 1960-тите.

Фестивалот го организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, со поддршка на Град Скопје, Министерство за култура и Унгарската амбасада во Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...