Четири лица се убиени, а 149 уапсени во упад на бразилската полиција во седиште на милитантна група во Рио де Женеиро.
Полициската операција насловена „Медуза“ била спроведена на ранч во квартот Санта Круз, јави „Дејли Меил“.
Полицијата при тоа пронашла и десетина пушки, 19 пиштоли и 15 украдени возила, како и повеќе гранати.
Операцијата е дел од заострените мерки против милитантни групи во земјата.