Четири деца заразени со коронавирусот во градинка во Германија

Според информациите, предучилишниот центар го посетуваат повеќе од сто деца. Се верува дека вирусот во центарот го донела една од воспитувачките. Заразените деца се чувствуват добро и се опоравуваат, пренесоа здравствените власти.

730

Чири деца се заразени со коронавирус во Западна Германија. Сите деца посетувале градинка во Северна Рајна-Вестфалија, сојузна германска држава, која е сериозно погодена од епидемија на новиот вирус, пренесува хрватски „Индекс“.

Според информациите, предучилишниот центар го посетуваат повеќе од сто деца. Се верува дека вирусот во центарот го донела една од воспитувачките. Заразените деца се чувствуват добро и се опоравуваат, пренесоа здравствените власти.

И во Бон, кој исто така се наоѓа во Северна Рајна-Вестфалија, на две недели е затоврена градинка, откако било утврдено дека еден од вработените е заразен со вирусот. Сега 185 деца кои ја посетувале градинката се тестираат на вирусот, соопшти шефицата на градскиот сектор за здравство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...