Четири археолошки локалитети на трасата на експресниот пат Штип-Радовиш

587

Изградбата на новиот експресен пат Штип-Радовиш откри четири археолошки локалитети. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов на денешната прес-конференција истакна дека тимот од археолози веќе е на терен и се почнати истражувањата на локалитетите, а низ кој поминува новата траса. Четирите археолошки  локалитетите се од праисторијата до средниот  век. Штерјов забележува дека за нив се од големо  значење.

– Карактеристични се два локалитетa. Едниот, е од таканaречниот хеленистички период, а другиот, од железнодобскиот период. Токму од нив, очекуваме да дадат артефакти, како одговори на повеќе непознаници од животот на населението од овој регион, како и археолошки придонес во обемната македонска архелошка карта на вредни пронајдоци – вели Штерјов.

Архолошките истражувања на трасата на новиот екпсрен пат Штип-Радовиш ќе чинат околу 100.000 евра и  ги обезбедува Владата. Археолозите на терен на овие четири локалитети ќе работат до крајот на август.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...