Честејн и Џанлука добиле ќерка од сурогат мајка

103
ФОТО: Твитер

Во најголема тајност, црвенокосата холивудска актерка и нејзиниот сопруг Џанлука Паси де Препосуло станале родители. Тие пред неколку месеци добиле ќерка од сурогат мајка, пренесуваат светските медиуми.

Медиумите ги „уловиле“ Честејн и Џанлука заедно со нивната, веќе четиримесечна ќерка во Њујорк Сити, додека парот со бебето оделе во педијатриска установа, при што мајката го носела детето во транспортер.

Девојчето се вика Џулиета Паси Честејн.

Четириесетгодишната Џесика Чејстен и богаташот од модната индустрија, 34-годишниот Џанлука Паси де Препосуло, лани во најголема тајност се венчаа во Тревизо, во близина на Венеција, каде што аристократското семејство на Џанлука има луксузна вила.

„Пипл“ тогаш пишуваше дека двојката е во врска четири години, и дека актерката „љубоморно ги чувала“ деалите на својот однос со Италијанецот, па за него релативно малку се знае.

Џанлука порано работел како директор за односи со јавноста за „Армани“, а во моментот е менаџер на марката „Монклер“.

Џесика Честејн порано изјавила дека никогаш, ниту со еден партнер, нема да се појави на црвениот тепих, бидејќи се ужаснува од помислата кога славните личности прават такви работи, па така ниту Џанлука не го покажала досега.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...