Чествување по повод 90 години од раѓањето на Матеја Матевски

95

По повод 90 години од раѓањето, денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи чествување на големиот македонски поет академик Матеја Матевски.

Како што најавија од библиотеката, за ликот и делото на Матевски ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова и претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Соња Стојменска-Елзесер. Стихови од неговата поезија ќе интерпретира актерот Бобан Алексоски.

Матеја Матевски беше поет, литературен и театарски критичар и преведувач. Роден е на 13 март 1929 година во Истанбул, Турција. Автор е на голем број книги, а неговата поезија е преведувана на сите европски јазици. Добитник е на сите престижни национални книжевни и општестеви награди во Македонија и на повеќе награди во странство за своето поетско творештво. Во 2011 година ја добива најголемата македонска книжевна награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Матеја Матевски почина на 6 јуни 2018 година во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...