Ченинг Тејтум со гола фотографија го „запали“ интернетот ФОТО

По филмот „Магичниот Мајк“ и неговото продолжение „Магичниот Мајк XXL”, во кои тој игра секси стриптизер, не го гледаме толку често во голо издание.

363

Актерот Ченинг Тејтум изгубил облог, па морал да објави фотографија на својот Инстаграм профил на која позира гол.

Славниот 39-годишен актер објаснил и како дошло до секси објавата која добила повеќе од три милиони лајкови за само 24 часа.

„Изгубив во Џенга од Џесика Корниш“, напишал Тејтум и додал дека губитникот (во случајот тој) морал да објави фотографија по избор на другата личност.

– Никогаш повеќе не играм Џенга со неа – заклучил тој.

Фотографијата ги воодушевила фановите, но и 31-годишната пејачка Џесика Корниш попозната како Џеси Џеј. Свој коментар на објавата оставиле многубројни ѕвезди, вклучувајќи ја и Хали Бери и Бер Грилс.

„Мислам дека го урна интернетот“, коментирала убавицата Оливија Кулпо.

Ченинг Тетјум и неговата сегашна партнерка Џеси Џеј немаат проблем со покажување на меѓусебната наклонетост на социјалните мрежи.

Ченинг Тејтум е еден од најсексапилните актери. По филмот „Магичниот Мајк“ и неговото продолжение „Магичниот Мајк XXL”, во кои тој игра секси стриптизер, не го гледаме толку често во голо издание.

Во продолжение тој открил дека авторот на фотографијата е неговата девојка Џеси Џеј, од која во последниве месеци не се одвојува. Двајцата влегле во врска само неколку месеци откако Ченинг се развел од Џена Деван, со која има ќерка.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...