Челичната индустрија ќе биде задоволна со било каква поддршка од владата за да го намали ударот од европските мерки за увоз на челични производи, откако земјава не успеа да издејствува да биде исклучена од овие мерки. Ова беше соопштено денеска на прес-конференција во Стопанската комора.
– Владата има на располагање низа можни мерки кои ги преземаат и другите земји, но што ќе одлучи ќе видиме. Мерките стапувааат од наредниот месец. Ние веќе доставивме барања и ќе видиме што ќе ни биде предложено. Ќе преговараме – изјави претседателот на Здружението на челичната индустрија при Комората Митко Кочовски.
Според него, на компаниите од секторот во сегашните услови не им преостанува ништо освен да го намалат производството и да се обидат изборат за добивање на квотите во конкуренцијата со поголемите извозници во Унијата, компании од Индонезија, Турција, Јапонија и Ирак кои изминатите години остваруваат висок извоз во Европската унија.
– Компаниите немааат алтернативни пазари за пласман на производите, оти такви нема. Главни пазари се Европската унија и САД кои го ограничија увозот на челични производи – рече Кочовски.
Тој дополни дека поради немањето доволно работна рака, компаниите засега не размислуваат да го намалат бројот на вработени.
Аанализата на Здружението покажала дека нема компанија од секторот која не е погодена од мерките.
– Само кај производителите на цевки ИГМ од Кавадарци, Фабриката за цевки од Куманово и „Металпромет“ од Струмица ќе има намалување на извозот од 180.000 на 110.000 тони, што ќе значи годишна загуба од 45 милиони евра, односно за три години 135 милиони евра помали приходи од 2018 година. Ако „Макстил“ не успее да земе квота ќе има загуба само кај додадената вредност од 25 милиони евра. „Арчелор Митал“ иако сметаат дека нема да бидат погодени од европските мерки, оти увазуваат суровина од Европа, сметам дека ќе бидат исто така погодени – вели Кочовски.
Покрај челичната индустрија, појасни Кочовски, која ќе има директни загуби од мерките на ЕУ состојбата ќе ја почувствуваат и секторите кои се поврзани со нив, но и целокупната економија.
Кочовски рече и дека Владата и поединечно одделни министерства и премиерот лично како никогаш порано, се обиделе да издејствуваат земјава да биде исклучена од мерките на Европската унија, но европскиот оддел кој ги воведува мерките не прифатил никкаво исклучување.