Чамите лути на Мета зашто ѝ доделил орден на грчката амбасадорка во Тирана

91
Photo: EPA / Malton Dibra

Здружението „Чамарија“ на протераните Албанци од Грција, остро реагираше на одликувањето на грчката амбасадорка во Албанија, Елени Сурани, со орденот „Витез на редот на Скендербег“, што ѝ го додели претседателот Илир Мета.

Искажувајќи големо разочарување од овој чекор на Мета, од здружението сметаат дека на Сурани не може да и се додели вакво големо прзнание, бидејќи честопати ги оскврнувала страдањата на Чамите и го поткопувала соживотот меѓу двата народа.

-Мета како претставник на националното единство треба да се повика на албанската историја и да биде чувствителен на страдањето и прогонот на албанската заедница од Чамарија. Не вреди да се сакаат планини и шуми, туку, пред се, треба да ги почитува Албанците и да го третирате соседот со достоинство и реципроцитет, стои меѓу другото во реакцијата.

Со остра реакција се јави и партијата „Зѓидја„ (Решение), чиј став е дека амбасадорката требало да биде протерана, а не одликувана.

-Силно го осудуваме овој чин на претедателот Мета. Ова е срам и затоа бараме под итно да ја повлече одлуката. За жал, за историјата и многуте пријателски и економски врски меѓу двете земји и двата народа, кои меѓу себе делеле многу нешта, амбасадорката за време на нејзиниот мандат во Албанија, работеше во спротивност. Сурани требаше да биде прогласена за непожелна личност, смета партијата.

Претседателот Мета орденот на амбасадорката и го врачи вчера попладне во присуство на странски дипломати акредирани во Тирана, поранешни албански шефови на дипломатијата и амбасадори, како и други гости.

Орденот и се доделува за „придонес во зајакнување на билатерланите односи и стратегиското партнерство“.

-Албанците и Грците историски живееле рамо до рамо како соседи, затоа треба да живееме и да работиме заедно за мир, просперитет, стабилност во нашите земји и во целиот регион и за заедничка иднина во обединета Европа, рече меѓу друтото претседателот Мета на свеченоста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...