САД одлучија да ги повлечат војниците од Сирија благодарение на чекорите што ги презеде Турција, изјавил турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, јави турскиот весник „Милиет“.
– Турција беше клучен фактор во одлуката на САД да се повлече од Сирија. Благодарение на одлуките што ги донесовме, САД ги повлекуваат своите војници – рекол Чавушоглу.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 19 декември ја објави својата одлука да започне со повлекување на американските сили од Сирија. Тој ја образложи одлуката со тоа дека е постигната победа над Исламска држава во Сирија и оти тоа била единствената причина за присуството на вооружените сили на САД. Според американските официјални лица, повлекувањето на повеќе од 2.000 луѓе ќе трае меѓу 60 и 100 дена.