Чавушоглу очекува Помпео да даде повеќе информации за саудискиот новинар

44

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Турција „не добила признание“ од Саудиска Арабија за исчезнатиот новинар Џамал Кашоги.

– Ние треба да разбереме што се случило со тој човек. Засега не сме добиле никакви признанија или информации од саудиската страна за тоа прашање – истакна Чавушоглу.

Тој додаде дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе даде повеќе информации за случајот, кој треба да ја посети Турција по претстојот во Саудиска Арабија.

Помпео денеска во Ријад ја пренесе загриженоста на САД поради исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

– Помпео во Ријад пораката ја пренесе на состанокот со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Ахмед ал Џибеир – изјави портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт.

Државниот секретар на САД во Ријад се сретна и со саудискиот крал Салман.

Кашоги (59) исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Турските власти тврдат дека тој е убиен во Конзулатот, додека официјален Ријад тврди дека новинарот неповреден ја напуштил зградата.

Кашоги ја напушти Саудиска Арабија минатата година откако ја критикуваше саудиската политика во Јемен и притисокот што се врши врз критичарите на власта.

Припадници на турската полиција синоќа првпат влегоа во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и девет часа вршеше претрес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...