Чавушоглу до Трамп: Никој не смее да и се заканува на Турција

267

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу одговори на заканата со санкции на американскот претседател Доналд Трамп и рече дека Турција нема да прима закани од кого било.

Трамп најави „големи санкции“ против Турција поради апсењето на американскиот евангелски свештеник Ендрју Брунсон.

– Никој не и наредува на Турција. Нема да толерираме закани од кого било. Владеењето на правото важи за сите, без исклучоци, изјави Чавушоглу, откако Трамп денеска преку Твитер ги најави санкциите.

Претходно, американскиот потпретседател Мајк Пенс телефонски разговараше со Брунсон, по неговото пуштање од затвор во домашен притвор и побара од Турција да му дозволи на свештеникот да се врати во САД.

Брунсон 20-ина години богослужел во мала црква во Измир. Во 2017 година тој беше уапсен под обвинение за поврзаност со мрежата на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен.

Турција бара од САД и да го екстрадираат Ѓулен, за да му суди за обидот за државен удар во 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...