Цртежот од затворската ќелија на Мандела, кој самиот го насликал, продаден за огромна сума

Цртежот сам го насликал со восочни пастели во 2002 година, се податоците од аукциската куќа „Бонхамс“.

114

Цртежот од врата од затворска ќелија во која Нелсон Мандела поминал години, е продаден на аукција во Њујорк за повеќе од 112.000 долари.

Мандела, првиот јужноафрикански црн претседател кој на чело на државата стапи по укинувањето на апартхејдот, почина во 2013 година.

Цртежот сам го насликал со восочни пастели во 2002 година, се податоците од аукциската куќа „Бонхамс“.

Цртежот прикажува врата од затворска ќелија на островот Робен во близина на Кејп Таун, во која Мандела со години бил заробен како политички затвореник, пред да стане претседател.

Делото е едно од неколкуте кои ги насликал поранешниот претседател, велат во „Бонхамс“.

Неговата ќерка Пумла Маказиве Мандела ја наследила сликата ѝ ја понудила на продажба. Кога нејзиниот татко заминал во пензија во 1999 година, немал многу работа, и тој цртеж за него имал посебно значење, рекла таа.

– За него сликањето беше начин на опуштање, но и давање смисла на минатото. Ова дело имаше посебно значење за него бидејќи беше и постојан потсетник дека не може да го заборави незаборавното и дека не треба да се зема слободата здраво за готово – рекла Маказиве Мандела.

FOTO: Profimedia/AFP

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...