Црн пантер избега од кафез во Брисел и беше пронајден на паркинг пред хотелот Ибис, јавија белгиските медиуми.
Пантерот му избегал на својот дресер кој го чувал во кафез, кој се наоѓал во камион. Сведоци го виделе и сликале животното рано изутринава, дресерот набргу дошол и успеал без проблеми да го врати црниот пантер во кафезот.
-Животното беше мирно, а полицајците се паркираа на начин да не може да побегне, изјави портпаролката на бриселската полиција- Мари Вербек.
Сопственикот на пантерот, кој спиел во хотелот, се симнал околу седум часот утрово и го вратил животното во кафез. Сепак останува нејасно како успеал пантерот да побегне.
Дресерот и животното престојуваат во Брисел каде снимаат филм, а токму денеска треба да се снима делот со црниот пантер.