Црногорските војници задолжително ќе учествуваат во мисиите на НАТО

42

Војниците, полициските службеници и соработниците на специјалните служби на Црна Гора во иднина задолжително ќе учествуваат во мисиите на НАТО, а не на доброволна основа, предвидуваат измени во Законот за учество во меѓународни мисии кои ги усвои Владата во Подгорица.

Според весникот „Побједа“, со измените на Законот за употреба на воени единици во меѓународни сили, припадниците на армијата нема да можат да одбијат да учествуваат во мисии на НАТО.

Промените не се однесуваат само на воејниците и полицајците, туку и на службениците за цивилна заштита и државните органи. Според црногорското Министерство за одбрана, причината за одлуката била одбивањето на еден или двајца членови на единица испратена во воена зона, што резултирало со нарушување на интегритетот и единството на целата единица.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...