Црногорец има рекордна сметка во банка од 32 милиони евра

На крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, а рекордер е едно лице со конто од 32 милиони евра, кое е црногорски државјанин, а не странец, пренесува Радио телевизија Црна Гора.

433

Во Црна Гора има повеќе банкарски сметки отколку жители, а депозит поголем од еден милион имаат 71 граѓанин на таа земја, покажуваат податоците од црногорската Централна банка.

Правните лица, односно 62 црногорски компании, пријавија дека имаат пари на своите сметки во странство, во вкупен износ од 12,7 милиони евра.

Не е познато од кои области се овие компании и колку граѓани на Црна Гора имаат сметки во странство, бидејќи не се должни да пријават.

Според последните податоци, на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, а рекордер е едно лице со конто од 32 милиони евра, кое е црногорски државјанин, а не странец, пренесува Радио телевизија Црна Гора.

Странските државјани во Црна Гора учествуваат со 460,3 милиони евра, странските компании 283,5 милиони евра, финансискиот сектор 7,1 милиони евра и странските невладини организации 3,57 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...