Црна Гора ќе дозволи геј бракови

Законот предвидува и дека геј лицата со стапување во граѓански партнерски однос ќе имаат здравствено осигурување врз основа на живот со партнерот, ќе можат да наследат пензија или имот, а доколку се разведуваат ќе можат да го поделат имотот.

271

Предлог законот за истополови бракови во Црна Гора наскоро ќе се најде во Парламентот, а јавната расправа веќе е завршена во Бијело Поље, Будва и Подгорица.

Како што пренесува весникот „Блиц“, Законот за регистрирано партнерство предвидува заедници на две полнолетни лица од ист пол кои го регистрирале својот граѓански партнерски однос пред матичар.

Законот предвидува и дека геј лицата со стапување во граѓански партнерски однос ќе имаат здравствено осигурување врз основа на живот со партнерот, ќе можат да наследат пензија или имот, а доколку се разведуваат ќе можат да го поделат имотот.

Со Законот е исклучено посвојуање деца, но таа област се регулира така што се наведува дека „партнерот кој не е родител на детето е должен да ги издржува децата на другиот партнер, ако тие немаат роднини кои по закон се должни да ги издржуваат“. Обврската на партнерот останува и после смртта на родителот на детето.

Партнерите исто така ќе можат да го задржат своето презиме или да го земат презимето на партнерот.

Освен Црна Гора, која допрва треба да го изгласа законот, во регионот истополови бракови има во Хрватска и Словенија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...