Црна Гора и Албанија, меѓу другите, ги продолжија санкциите кон Русија

67

Шефицата за надворешни работи на ЕУ Федерика Могерини соопшти дека Црна Гора, Албанија, Норвешка и Украина се приклучиле на одлуката на Унијата за продолжување на санкциите кон Русија и поединци во Украина.

– Кандидатите за членство во ЕУ – Црна Гора и Албанија, членката на Европската економска зона – Норвешка, како и Украина, се приклучуваат на одлуката. Тие ќе обезбедат националните политики да бидат доследни на одлуката. ЕУ ја забележа нивната посветеност и ја поздравува, рече Могерини.

Русија е под санкции на ЕУ од 2014 година, кога Унијата го обвини Кремљ дека го загрозува територијалниот интегритет на Украина со анексирање на Крим, што Москва негира, а санкциите опфаќаат околу 150 лица од Русија и Украина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...