Црна Гора го презема претседавањето со ЦЕИ

27
ФОТО: EPA / KOCA SULEJMANOVIC

Црна Гора на самитот на ЦЕИ во Рим, на кој се поканети 16 претседатели на влади, ќе го преземе од Италија ротирачкото претседавање со Иницијативата, најстар и најголем механизам на територијата на Централна и Источна Европа, во кој членуваат 17 држави, соопшти црногорската Влада.

Со преземање на едногодишното претседавање со ЦЕИ, кое почнува на 1 јануари, Црна Гора ќе ја потврди поддршката на активностите на ЦЕИ за создавање одржлив и просперитетен регион, истовремено промовирајќи кредибилна европска перспектива на земјите кандидатки за членство во ЕУ.

– Учеството на високо ниво ќе претставува дополнителен придонес за афирмација на Црна Гора на регионалната и европската мапа, а пред сѐ ќе има позитивно влијание врз продлабочување на односите со таа мултилатерална регионална организација, посебно од аспект на поголем интерес на институциите и стопанските субјекти во Црна Гора за проекти кои се финансираат од фондовите на ЦЕИ – се наведува во соопштението.

ФОТО: EPA / KOCA SULEJMANOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...