Црна Гора во потрага по 57 државјани исчезнати во војните во порашна Југославија

128

Црна Гора е во потрага по 57 свои државјани исчезнати во војните на подрачјето на поранешна Југославија во 90-те години на минатиот век, соопштија црногорските власти.

– На територијата на Косово се бараат 44 лица, десет во Босна и Херцеговина и три во Хрватска – соопшти Владата.

Претседателот на владината Комисија за исчезнати лица Драган Ѓукановиќ и координаторот на Регионалната канцеларија на УНДП Ивана Јовановиќ договорија идна соработка и размена на информации важни за решавање на судбината на исчезнатите.

– Договорено е Канцеларијата на УНДП да овозможи повеќе техничка и стручна помош во постапката на барање, размената на податоци и билатералната соработка со државите во регионот – се наведува во соопштението.
Црногорската Влада досега има потпишано протоколи за соработка со слични комисии во Хрватска, во Србија и во Косово, а во тек се преговори и со Советот на министри на БиХ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...