Иако не содржат толку витамин Ц како јагодите, присутноста на антиоксидантите идруги корисни состојки ги прави исклучително здраво овошје.
Црешите содржат витамини Ц, Б и А, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин, мелатонин. Овие состојки помагаат во борбата против рак, во превенција на срцевите болести, ги ублажуваат болките предизвикани од артритис и гихт, како и главоболката и симптомите поврзани со фибромијалгичен синдром.
Црешите помагаат телото да ни произведува мелатонин на безбеден и здрав начин и ги подобруваат физиолошките и менталните фнкции. Свежите цреши се добри за отстранување на физичката и интелектуалната исцрпеност, а киселите цреши го подобруваат расположението. Многу слични зздравствени својства имаат и вишните.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.