Ципрас се договори со Меркел да прифаќа кандидати за азил

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е подготвен да склучи договор со германската канцеларка Ангела Меркел, да се направи полесно Германија да враќа кандидати за азил во други европски држави.

275

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е подготвен да склучи договор со германската канцеларка Ангела Меркел, да се направи полесно Германија да враќа кандидати за азил во други европски држави. Со тоа, Меркел добива важна поддршка пред решавачката средба на врвот на ЕУ оваа недела, објави Фајненшал тајмс.

Грчкиот премиер во интервју за британскиот весник вели дека е отворен за специјален договор со Берлин за ограничување на „следно движење” на бегалците, кои пристигнуваат на јужната граница на ЕУ, но потоа се упатуваат на север до Германија.

Германската канцеларка е подложена на засилен притисок од своите баварски коалициски партнери да ги убеди властите да ја забрзаат постапката за кандидати за азил, кои веќе се регистрирани во други држави од ЕУ. Тие упатуваат закани за уривање на коалицијата, ако Меркел не постигне резултати во тој месец.

– Не се плашиме од фактот, ако можеме да имаме некои враќања од Германија, ако тоа помага, за да испратам сигнал за криумчарите (дека Европа се справува со нелегалните миграциски бранови) – изјави Ципрас.

За него Даблинските правила не задоволуваат во пракса.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...