Ципрас подготвува реконструкција на владата

Ставот на грчката влада е дека реконструкцијата на владата не се најавува, па затоа и не постои официјална информација.

124

Промени во владиниот кабинет подготвува Алексис Ципрас, според грчките медиуми, а реконструкцијата би можела да се случи во следните денови.

Ставот на грчката влада е дека реконструкцијата на владата не се најавува, па затоа и не постои официјална информација, а дел од медиумите кај јужниот сосед веќе шпекулираат за можните промени во кабинетот на Ципрас.

Според нивните информации, неколку министри е сигурно дека ќе останат на нивните досегашни позиции, а меѓу нив се и министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, министерот за одбрана и коалиционен партнер Панос Каменос, министерката за труд Ефи Ахциоглу.

Доколку реконструкцијата на владата не се случи во следните денови, веројатно е дека ќе биде пред Меѓународниот саем во Солун што започнува на 8 септември, а свое обраќање ќе има и Ципрас.

На саемот што се одржува секоја година на почетокот на септември, традиционално, грчките премиери имаат говори во кои ја соопштуваат владината програма за следниот период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...