Ципрас од утре и официјално шеф на дипломатијата

68
ФОТО: EPA/JASON SZENES

Со свечена заклетва во претседателската палата во Атина и со примопредавање на функцијата во Министерството за надворешни работи на Грција, премиерот Алексис Ципрас утре и официјално ќе ја преземе должноста шеф на дипломатијата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во 10.30 часот по локално време (11:30 по средноевропско време), Ципрас ќе положи граѓанска свечена заклетва пред претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а веднаш потоа од претседателската палата ќе се упати кон Министерството за надворешни работи каде ќе ја преземе функцијата од неговиот претходник Никос Коѕијас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...