Ципрас: Ни се заканува „историско дежа ви“

137

Фашизмот и нацизмот се нехумани идеологии, но, се моќни, бидејќи се потпираат на инстинкти, а во услови на војна, инстинктот за преживување се зајакнува, порача на маргините на Мировниот форум во Париз грчкиот премиер Алексис Ципрас.

– Ултрадесничарите и националистите имаат свој план, кој е јасен и безвременски. Да се подели општеството, да се цели кон одредена група луѓе, да се негува стравот и да сеповика на национална гордост, која важи само за избраните – изјави грчкиот премиер, истакнувајќи дека се соочуваме со „историско дежа ви“.

Ципрас додаде дека по војната меѓу поразените преовладувал инстинктот за одмазда и оти токму тоа го искористиле тогашните демагози.

Тој истакна оти денес треба да се направи споредба и да се бори за Европа и покрај разликите, бидејќи „историјата не може да чека и кога се повторува, да биде многу сурова кон нас“.

– Европа е повторно изградена по две светски војни, заснована на социјална правда, заштита на работниците, еднаквост на половите, унапредување на инфраструктурата, како и мир и соработка меѓу народите – додаде тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...