Циклонот Титли усмрти осум луѓе во Индија

61
ФОТО: EPA-EFE/STR

Осум лица загинаа откако циклонот Титли ги погоди индиските сојузни држави Андра Прадеш и Ориша.

Сите жртви се во Андра Прадеш, а засега нема информации за загинати во Ориша. Шест од жртвите биле рибари.

Титли ги погоди источните делови на Индија, корнејќи дрвја, далноводи и уништувајќи куќи, поради што речиси 300.000 луѓе се евакуирани.

Циклонот Титли, што во превод значи „пеперутка“, е проследен со ветер кој дува со јачина и до 150 километри на час, како и поројни дождови.

Училиштата се затворени, а редуциран е и воздушниот и железничкиот сообраќај. Стотици илјади семејства останаа без електрична енергија.

Метеоролозите предвидуваат дека циклонот до вечерва нема да ја намали својата јачина, а во меѓувреме и крајбрежните области на Бангладеш се предупредени да се подготват за евентуална бура.

ФОТО: EPA-EFE/STR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...