Цигарите со нова повисока цена

Последното поскапување се случи лани, во април кога за пет денари поскапеа цигарите „Вест“,  „Волтер Вулф“ и „Ронхил Вејв“ .

1555

Пролетното поскапување на цигарите. Дел од брендовите цигари поскапеа и за 10 отсто.

Според информациите „Марлборо“ сега чини 110 денари. За 5 денари е зголемена и цената на дел од брендот „Ронхил“ а нови цени се очекува да има и за дел од брендот „Вест“.

Последното поскапување се случи лани, во април. Тогаш, за пет денари поскапеа цигарите „Вест“,  „Волтер Вулф“  и „Ронхил Вејв“.

Во Македонија постепеното поскапување на овој акцизен производ се предвиде со Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун а почна на 1 јуни 2015 година, кога акцизата се зголеми за 0,15 денари по парче.

Дел од парите што ќе се обезбедат наплата на зголемената акциза треба да се вложат во подобрување на здравствената заштита на граѓаните.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...