Цеца открива за затворските денови: Седев во самица, а друштво ми правеа лебарките

Иако по три месеци била пуштена на слобода, Цеца вели дека тешко ѝ паднал престојот во затвор.

2118

Српската пејачка, Светлана Ражнатовиќ Цеца беше една од уапсените во акцијата „Сабја“, а на 17 март2003 година беше уапсена и осудена на затворска казна.

– Тогаш само мислев на моите деца. Моите родители успеаја да ги чуваат моите деца од медиумите, за да не читаат разно разни лаги за својата мајка. Тие со години подоцна мислеа дека тие 121 ден поминати во затвор, дека сум била на турнеја во Америка – изјавила своевремено Цеца за српските медиуми.

Иако по три месеци била пуштена на слобода, Цеца вели дека тешко ѝ паднал престојот во затвор.

– Триесет дена бев во самица, без право на посета, кантина, адвокати и сонце. Друштво ми правеа лебарките, во ќелијата имаше кревет, маса и клупа. Кога влегов, на сите ѕидови беа испишани моите песни. Си помислив „Боже каква иронија“!, додава Цеца.

Таа се присети за својата прва ноќ помината зад решетки.

– Првата ноќ беше страшна. Око не склопив и се изнаплакав. После еден месец добив цимерка и имав право на весници. Ми беше многу полесно. Можев со некој да зборувам и плачам – раскажала Цеца, па додала:

„И затворот е за луѓе. Тоа што го преживеав, немам намера да плачам. Така е, како што е… “, рекла во едно интервју Ражнатовиќ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...