Церар среќен, со Меланија Трамп зборувале на словенечки јазик

- Меланија сега веќе добро ја запознавме и тие разговори секогаш се пријатни, а секако разговараме на словенечки јазик - рече Церар.

317

Словенечкиот премиер Миро Церар е воодушевен, бидејќи првата дама на САД Меланија Трамп не го заборавила својот мајчин јазик – словенечкиот.

– Можеме да бидеме горди што првата дама на САД е од Словенија и оти не го заборавила словенечкиот јазик. Напротив, многу добро зборува словенечки и секогаш е весела кога може да зборува за нашата татковина, вели Церар по самитот на НАТО во Брисел, на кој американскиот претседател Доналд Трамп е во придружба на својата сопруга Меланија.

Меланија Трамп родена во Словенија, кај Кршко, но татковината ја напушти во раната младост, за да гради кариера како манекенка. Во САД се омажи за магнатот за недвижнини и актуелен претседател, со кој го има синот Барон.

Церар на самитот во Брисел е придружуван од својата партнерка Мојца, која учествуваше во неформалната дамска програма, а имаше можност да разговара со Меланија.

– Меланија сега веќе добро ја запознавме и тие разговори секогаш се пријатни, а секако разговараме на словенечки јазик – рече Церар.

Тој изрази надеж дека првата дама на САД еднаш ќе биде во можност да ја посети Словенија.

ФОТО: Твитер (партнерката Мојца со Меланија Трамп)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...