Центри за промоција, наместо промотори и аташеа ќе ловат инвеститори во странство

Центрите ќе бидат основани во САД, најверојатно на Источниот брег, во Германија во областа Западна Рајна Вествалија за да може да биде блиску и до Холандија и Белгија и Турција

192

Три концентрирани центри за промоција на предностите за вложувања во Македонија наместо економски промотори или аташеа, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев

Центрите, како што рече Анѓушев, ќе бидат основани во САД, најверојатно на Источниот брег, во Германија во областа Западна Рајна Вествалија за да може да биде блиску и до Холандија и Белгија и Турција и ќе треба да ги промовираат Законот за поддршка на иневестициите и програмата и да нудат македонски производи.Центрите ќе работат во рамки на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони.

– Практично ќе отвориме канцеларии кои ќе бидат македонски претставништва за развојот на македонската економија и за привлекување на странски инвестиции, но и центри од каде ќе се нудат производи од македонската економија- рече Анѓушев на денешната прес-конференција на која беа промовирани инвестициите во патната инфраструктура годинава.

Анѓушев рече дека се напуштила идејата да се воспостават економски аташеа, бидејќи тие би требало да бидат дипломати и би биле сместени во амбасадите што не е целата на воведувањето на центрите за инвестициони вложувања во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...