Централниот регистар ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2019 година, на 27, 28 и 29 февруари како и на 16 март од 08 до 20 часот.
Оттаму соопштуваат дека микро и мали субјекти кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 16.03.2020 година.
Како што соопшти Регистарот истите денови самостојните вршители на дејност, од 08 до 16 часот,ќе можат да ги предадат годишните сметки во хартиена форма за 2019 година и во:
- Кратово во објектот на Општина Кратово
- Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар
- Крушево – во објектот на Уни банка
Од Централниот регистар потсетуваат дека самостојните вршители на дејност, билансот на приходи и расходи се доставува според новиот Правилник за формата и содржината на деловните книги, начинот на нивното водење и искажувањето на финансискиот резултат на даночните обврзници што вршат самостојна дејност.