Центарот пак блокиран за сообраќај, протестираат поранешните вработени во ОХИС

Според нив, државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.

353

Поранешните вработени во ОХИС и денеска преку протест ги бараат неисплатените плати. Тие велат дека ќе протестираат се додека Владата не одвои над 5 милиони евра за 24 заостанати плати на работниците и придонеси од плата за 16 месеци. Имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.

–  Недостигаат четири до пет милиони евра за да се обештетат луѓето. Со години никој не реагира на нашите барања – велат вработените од ОХИС.

Според нив, државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...