Цената на нафтата бележи рекорди

На Лондонската берза цената на барел нафта минатата недела порасна за 2,8 отсто на 70,34 долари, додека на Волстрит барелот е со повисока цена од 4,9 отсто и достигна 63,08 долари.

151

Цените на нафтата на светските берзи минатата седмица се зголемија петта недела по ред, достигнувајќи највисоко ниво лани од ноември.

На Лондонската берза цената на барел нафта минатата недела порасна за 2,8 отсто на 70,34 долари, додека на Волстрит барелот е со повисока цена од 4,9 отсто и достигна 63,08 долари.

Цените на нафтата, откако во првото тримесечие се зголемија за 30 отсто, пораснаа и во првата недела од вториот квартал, достигнувајќи највисоко ниво од почетокот на ноември минатата година.

Растот на цените е предизвикан и од зголемениот број новоотворени работни места. Во март во САД се отворени 196.000 работни места, повеќе од што се очекуваше и многу повеќе од пред еден месец.

Цените растат и поради очекувањата на инвеститорите дека САД и Кина ќе постигнат трговски договор, со што ќе заврши трговската војна, што минатата година негативно влијаеше на двете најголеми светски економии.

Исто така, зголемувањето на цените е предизвикано и од намалувањето на производството на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Русија, кои се придржуваат на договорот за намалување на производството за 1,2 милиони барели дневно.

Цените на нафтата растат и поради санкциите на САД кон нафтениот сектор на Иран и Венецуела, што дополнително ја ограничува понудата на пазарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...