Цената на златото достигна 1.500 долари за унца

Се очекува идните месеци златото да се продава за 1.600 долари по унца, поради трговската војна меѓу САД и Кина. Во Европа, пак, постои страв од рецесија.

263

Вредноста на унца злато надмина 1.500 долари по стравот од ескалација на трговската војна помеѓу САД и Кина. Oва е прв случај на вакво зголемување на цената на златото по 2013 година.

Котирањето на златото на берзата „Комекс“ во Њујрк порасна за уште 1,3 отсто – на 1.503,2 долара за унца, а од почетокот на годинава растот е 17 отсто.

Се очекува идните месеци златото да се продава за 1.600 долари по унца, поради трговската војна меѓу САД и Кина. Во Европа, пак, постои страв од рецесија.

Покрај цената на златото на трговската војна меѓу САД и Кина реагираа и берзите и валутите на двете земји.

САД се заканија дека ќе воведат нови царини на увозот на кинеска стока, на што Кина се најави соодветен одговор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...