Цементарница со проект за едукација и обука на средношколците

73

Цементарница УСЈЕ се вклучи во реализацијата на новиот проект за соработка на бизнис секторот со средните училишта со кој треба да се унапредат наставните програми и да се овозможи практична работа за учениците, кои по завршување на средното образование ќе бидат оспособени директно да се вклучат во работниот процес.

За таа цел, Цементарница УСЈЕ заедно со уште пет други компании, потпиша меморандум за соработка со средното електротехничко училиште „Михајло Пупин” од Скопје. Со меморандумот, меѓу останатото се предвидува компаниите да учествуваат во креирањето и адаптацијата на наставните планови и програми според потребите на нивите работни процеси. Дополнително, на учениците ќе им биде овозможено да стекнат нови знаења и работни вештини преку практична настава која ќе биде спроведена во самите компании – потписнички на меморандумот.

– Веруваме дека овој проект на младите луѓе ќе им овозможи да стекнат дополнително стручно знаење, практични вештини и висок степен на работна етика, кои ќе им помогнат полесно и побрзо да најдат работа веднаш по завршување на образованието. Истовремено, ваквиот пристап им помага и на самите компании да добијат квалитетен стручен кадар кој станува сѐ подефицитарен – рече Главниот извршен директор на Цементарница УСЈЕ, Борис Хрисафов, по потпишувањето на меморандумот за новиот проект кој е поддржан и од Министерството за образование и наука.

Цементарница УСЈЕ континуирано вложува во едукацијата и стекнувањето специјализирани работни знаења и вештини кај младите. Неодамна, компанијата самостојно реализираше проект со кој на над 100 ученици од четврта година од три средни технички училишта во Скопје им беше овомозжено да стекнат нови стручни знаења и вештини преку поврзување на теоријата со практичната работа во УСЈЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...