Целосно помрачување на Месечината на 27 јули

Покрај помрачувањето на Месечината, ќе можат да се набљудуваат и планетите Венера (на почетокот од ноќта), Јупитер, Сатурн и Марс.

133

Жителите на Балканот ќе имаат прилика ноќта меѓу 27 и 28 јули да набљудуваат помрачување на Месечината.

Сите фази на помрачувањето на Месечината ќе бидат видливи од областите на Индискиот океан, Индија, Источна Африка, Арапскиот полуостров и подрачјето на Каспиското море.

Во случај на поволни метеоролошки услови, односно ведро небо, луѓето оваа појава ќе можат да ја гледаат со голо око и со двоглед.

Покрај помрачувањето на Месечината, ќе можат да се набљудуваат и планетите Венера (на почетокот од ноќта), Јупитер, Сатурн и Марс.

Марс овие денови е погоден за набљудување затоа што е блиску до Земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...