Целијакија: Од првите симптоми до поставување на дијагнозата просечно минуваат 10 години

Докажано е дека колку подоцна се постави дијагноза на целијакија можноста да се развие некое автоимуно заболување е поголема. Кај овие болни почести се малигните заболувања на дигестивниот систем, но со спроведување на безглутенска исхрана болните брзо се опоравуваат и може да имаат нормален живот, а ризикот за појава на малигна болест се намалува и е еднаков како кај останатите.

999

И покрај тоа што дијагностицирањето на одредена болест обично е негативна вест, за луѓето  дијагностицирани со целијакија правилната дијагноза значи и крај на проблемите. Целијакија е генетско автоимуно заболување кое се јавува при внес на храна која содржи глутен. Кај лицата со целијакија, телото го препознава глутенот како „туѓо тело“ и почнува да реагира напаѓајќи ги сопствените клетки. Под поимот глутен во лаичката интерпретација пред сè се мисли на белковина од пченицата, пирот, ’ржта и јачменот каде тој е присутен во различни комбинации на своите компоненти – растителните белковини проламин и глутелин.

Со повеќе од 300 симптоми, целијакијата е состојба која е тешка и комплицирана за дијагностицирање. Голем дел од пациентите со години ги чувствуваат симптомите без притоа да имаат точно утврдена дијагноза. Талкаат од еден до друг доктор, се со цел да најдат спас за нивната состојба.

Се смета дека целијакијата се јавува откако е поттикната од некој здравствен проблем, како што е вирусна инфекција, бременост, породување или емоционален стрес.

Ваквата состојба се става под контрола откако ќе се воведе безглутенски режим на исхрана. На оваа тема разговаравме со проф. д-р Стефка Грујовска – специјалист педијатар, субспецијалист гастроентерохепатолог и доктор на наука, консултант во Поликлиника Рес Хумана.

Прочитајте го интервјуто на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...