Царовска: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање Видео

778

Зголемување на старосната граница нема да има, а пензиите се стабилни и безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Царовска на прес-конференција во Владата информира за сработеното во изминатите 11 месеци. Рече дека вкупно 4.535 стечајци добија позитивни решенија, а околу 90.000 граѓани повисока плата, обезбедени се средства за 138 нови вработувања во центрите за социјална работа и се вработени 486 лица на неопределено време во градинките, отворени се три нови регионални преноќувалишта за бездомни лица и е завршена реконструкцијата на 30-те центри за социјална работа кои опслужуват повеќе од 200.000 граѓани.

Покрај капиталните и проектите за детска заштита, се подготвуваат нови закони за социјална заштита и за работни односи, се работи и на нов европски закон за недискриминација, а со Оперативниот план кој овозможува да аплицираат и социјалните претпријатија, како и граѓанските организации, се предвидени една милијарда денари за вработување.

– Од капиталните инвестиции годинава, почната е изградбата на современ центар за аутизам во Скопје, на два дневни центра за лица со интелектуална попреченост во Куманово, на еден дневен центар за Даунов синдром во Скопје и на Дневен центар за церебрална парализа во Прилеп. Обезбедени се и две станбени единици во Неготино и село Тимјаник, а се проширува и капацитетот на Општинскиот дом во Берово -подвлече Царовска.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со домовите „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“, Царовски нагласи дека е преземено се беше во рамки на Министерството. Сменет е директорот во „25 Мај“, а едно лице од „Ранка Милановиќ“ е суспендирано по итна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...