Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и го презентира новиот Закон за практиканство пред претставници на Македонската банкарска асоцијација.
– На иницијатива на стопанските комори направивме законска рамка со којашто се дава простор компаниите да ангажираат невработени лица на практична работа. На овој начин ја зголемуваме вработливоста на младите лица, но и можноста за избор на
квалитетен кадар – рече Царовска.
Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација рече
дека Законот дава можност за опфаќаме и на среднистите за дел од работните места
со коишто во моментот банкарскиот сектор се соочува со недостиг како што е ИТ
кадарот.
Со Законот за практиканство се дава можност за работно ангажирање на сите лица
коишто не се во работен однос, а имаат завршено најмалку основно образование и се
на возраст до 34 години.
Законот овозможува платена практична работа во траење од
6 месеци. Во првите три практикантите добиваат добива надосместок од околу 5.000
денари, а во следните три месеци надоместокот е во висина на минимална плата.