Царовска во Берово: Со социјалните реформи да станеме пример во регионот

79

Подобрување на условите за згрижување на стари и на лица со попреченост, зголемувањето на социјалните права, растот на платите и социјалните реформи, беа темите за кои министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска  разговараше со претставниците од локалната власт и граѓаните во Берово.

На средбата со граѓаните Царовска, истакна дека со зачленувањето на Мaкедонија во ЕУ и НАТО создаваме европска држава во која ќе расте стандардот и граѓанските права, а тоа ќе го постигнеме преку искористувањето на европските фондови кои во секторот социјала за земјите од ЕУ достигнуваат и до половина милијарда евра годишно.

„Институциите треба да станат сервис на граѓаните,  а тоа го овозможуваме со бројните реформи во системот за социјална заштита. Ние сме подготвени да станеме позитивен пример во регионот и светот тоа го цени. Сите заедно работиме Македонија да биде нова голема надеж за регионот и Европа и затоа добиваме поддршка. Имаме поддршка од демократскиот свет, да ја искористиме и да обезбедиме иднина,“, изјави  Царовска во Берово.

Министерката  денеска постета на Берово  ја искористи за средба со градоначалникот Звонко Пекевски, и со вработените во Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа. Министерката го посети и Дневниот центар за лица со посебни потреби и за Домот за страи лица „Иван Влашки“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...