Хутите со дронови нападнаа аеродром во Саудиска Арабија

118
FOTO MIA

Јеменското движење Хути поврзани со Иран, извршија повеќе напади со дронови врз аеродромот во Јизан во Саудиска Арабија, објави денеска на Твитер телевизијата на таа група, Ал Масира.

Нападите биле насочени кон саудиски бункери за дронови и станици на аеродромот.

Саудиска Арабија засега не потврди дека се случиле напади. Нападите на Хутите во Саудиска Арабија во последно време се се почести.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...