ХТЦ бара партнер за произведство на смартфони

Kомпанијата ќе продолжи да дизајнира и да биде брендот, со кој се продаваат уредите, но нема да ги произведува сама.

136

ХТЦ размислуваат за интересна промена во стратегијата, која е поврзана со ангажирањето на партнер во создавањето на нивните идни смартфони. Тоа значи дека компанијата ќе продолжи да дизајнира и да биде брендот, со кој се продаваат уредите, но нема да ги произведува сама. На овој начин ХТЦ ќе склучат договор со надворешни компании, кои ќе треба да создадат одреден број од смартфоните, при однапред утврден временски период, информира „СлешГир“.

Се очекува моделот со кодно име „Imagine Life“, кој најверојатно ќе се вика ХТЦ У12 Лајф да биде произведен на овој начин. Ако сѐ оди според планираното, оваа стратегија ќе се користи за сите нови паметни телефони на ХТЦ. На крајот на краиштата, ова ќе резултира со повисок квалитет на крајниот производ и ќе и овозможи на компанијата целосно да се фокусира на дизајнот на уредот. Прифаќањето на овој бизнис модел ќе помогне да се намалат трошоците за производство на нови модели.

Ве потсетуваме дека стратегијата на Мајкрософт била слична кога го купиле мобилниот бизнис на Нокиа. На крајот, овој проект не беше успешен главно поради софтверот, бидејќи луѓето не одговорија позитивно на „Виндоус Фон“. Идејата за ХТЦ е слична, но со разликата што нивните паметни телефони ќе работат со добро познатиот Андроид интерфејс. Како заклучок, ќе забележиме дека новата стратегија има потенцијал да генерира многу дивиденди и позитивни поволности за компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...