Хрватската радиотелевизија тужи свои вработени поради објавување соопштение на Хрватското новинарско друштво (ХНД), соопшти денеска претседателот на здружението Хрвоје Зовко.
Тој на прес-конференција насловена „Нов удар на ХРТ врз ХНД“ рече дека според тужбата примена во понедленикот, ХРТ од ХНД бара надомест на штета поради „грубо повреден углед, чест и име“ од 200.000 куни, и уште 50.000 од претседателката на огранокот на ХНД во ХРТ, Сања Миклеушевиќ Павиќ.
Причина за тужбата е соопштение на тој органок на ХНД од 11 септември годинава, кое било емитувано под наслов „Огранокот на ХНД на ХТВ против манипулации и неодговорно однесување на привилегирано малцинство“.
Зовко тужбата ја нарече „невиден напад врз работата и дејствувањето на Огранокот на ХНД врз Хрватската радиотелевизија, заплашување на новинарите на ХРТ и обид за финансиски напад врз Хрватското новинарско друштво“.
– Ова е невиден облик на цензура и притисок од луѓето кои ја водат ХРТ – рече Зовко.
Тој додаде дека писмено се обратил и до премиерот Андреј Пленковиќ кого го известил за случувањата во ХРТ и оти планира тоа да го направи и кон други хрватски и европски институции.
На прес-конференцијата не присуствувал ниту еден новинар на ХРТ