Хромозомот Y можеби навистина е симбол на машкоста, но во последно време станува јасно дека тој е слаб и непостојан.
И покрај тоа што го носи SRY-генот – „главниот прекинувач“ кој определува дали кај ембрионот ќе се формираат тестиси, односно дали тој ќе се развие во маж (XY) или во жена (XX) – хромозомот Y содржи и мал број други гени и е единствениот хромозом што не е неопходен за живот.
На крајот на краиштата, жените сосема добро се снаоѓаат и без него.
Значи, Y-хромозомот не само што не е клучен за одржување на организмот туку доживува и забрзана дегенерација. Додека жените поседуваат два нормални X-хромозоми, мажите имаат еден силен X-хромозом и еден закржлавен Y-хромозом.
Доколку ваквата стапка на дегенерација на Y-хромозомот продолжи, овој малечок дел од ДНК-молекулот ќе исчезне во следните 4,6 милиони години. Иако на прв поглед изгледа дека овој период е многу долг, треба да се има предвид дека е вонредно краток во споредба со 3,5 милијарди години, колку што постои животот на Земјата.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.