Матурантите од Хрватска го прославија последниот училишен ден со низа инциденти низ повеќе градови во државата, јавуваат хрватските медиуми.
Во Загреб, на плоштадот „Бан Јелачиќ“, најмалку еден матурант се онесвестил од преголема доза алкохол, а тоа го откриле дури кога требало да се упатат кон друга локација. Оваа група матуранти извикувала погрдни пароли и навредувала новинари кои се нашле на самото место на прославата.
Матурантите од Риека, пак, фрлиле гасна бомба, а шеталиштето за кратко време било целосно обвиено во густ чад. Гасни бомби се палеле и во Шибеник.
Во Дубровник биле забележани голем број сообраќајни прекршоци, а во неколку случаи морала да интервенира и полицијата. Забележани се и други прекршоци и нарушувања на јавниот ред и мир и во помалите градови каде сношти се славела матура.
ФОТО: Фејсбук
Norijada u Šibeniku
Posted by ŠibenikIN on вторник, 22 мај 2018
UŽIVO – Zagrebačka norijada
Posted by Index.hr on вторник, 22 мај 2018