Хрватски детски филмови во Кинотека на Македонија

178

Во Кинотека на Македонија од 9 до 16 јануари ќе се одржи ревија на филмови за деца од хрватската кинематографија.

– Хрватските детски филмови се присутни во хрватската кинематографија многу често како екранизација на веќе постоечки книжевни успеси. Но, самата застапеност не би била доволна доколку тие не припаѓале на самиот врв на уметнички успешните филмови, за денес да бидат класици на хрватскиот филм и како такви да не биле прифатени од младата публика и критика, посочуваат од Кинотека на Македонија.

Затоа ,за почетокот на Новата 2019 година, Кинотека на Македонија за младите филмофили подготви ревија на неколку хрватски детски филмови, но и изложба на филмски плакати насловена „Детски поглед“.

Според најавите, ќе бидат прикажани филмовите: „Брканица по моторот“ во режија на Бранко Мајер (на 9 и 10 јануари), „Пико“ во режија на Среќко Вејганд (9 и 10 јануари), „Синиот галеб“ на Бранко Бауер (11 јануари), „Дружината на Перо Џумката“ во режија на Владимир Тадеј (11 и 12 јануари), „Волк самотник“ на Обрад Глушчевиќ (12 и 14 јануари), „Капетан Микула Мали“ кое е уште едно остварување на Обрад Глушчевиќ (15 јануари) и „Тајната на стариот таван“ во режија на Владимир Тадеј (16 јануари).

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...