Хрватскиот ,,ѕвер” пристигна и во Загреб ВИДЕО

213

По саемот во Женева , „Римац Автомобили” го претставија Ц2 и во Хрватска и тоа на плоштад во Загреб.

Денеска напладне моќната машина беше донесена на плоштадот Јосип Јурај Штросмаер, а претставата траеше до 18 часот. Утре презентацијата почнува од 9 часот наутро, а ќе се одржи и во недела.

Стотици вљубеници во супер автомобилите воздивнуваа по најновиот модел на хрватската компанија Римац , која го воодушеви светот со претходните два модела.

Најновиот Римац 2 , се продава за два милиона долари и веќе е претставен пред вљубениците во луксузни автомобили во Калифорнија.

Сите присутни беа воодушевени не само со изгледот на автомобилот , туку и дека такво нешто се произведува во Хрватска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...