Хрватскиот фудбалер Домагој Вида на Инстаграм се пофалил со скапиот подарок со кој ја почестил својата сопруга Ивана. Вида ѝ подарил маска за iPhone XS Max која е направена од чисто 24-каратно злато. На неа се наоѓа ликот на Домагој и нивниот син Давид.
„Мамо, те сакаме“, пишува на маската.
Цените на ваквите лични маски, направени по нарачка на купувачот, се движат од 2.500 евра па нагоре.
Меѓутоа, ова не е првпат Ивана да добива скапи подароци од својот сопруг.
Во јануари за нејзиниот 25. роденден ѝ купил часовник „Ролекс“ на кој ја изгравирал датата на нејзиното раѓање.
FOTO: Instagram/Printskrin