Хрватскиот амбасадор во Москва, Цар, мора да го напушти станот од 500 квадрати

468

Хрватскиот амбасадор во Москва Томислав Цар ќе мора да го напушти станот, односно куќата од 500 квадратни метри, каде досега живеел и да се пресели во помал, сместен над просториите на конзулатот.

За новиот простор, Хрватска на Русија ќе и плаќа само за првиот кат, додека досегашниот простор на конзулатот во приземје, за кој државата досега издвојувала по 10.378 евра ќе биде бесплатен, односно ќе биде дел од реципрочниот однос со конзуларната канцеларија на Руската федерација во Загреб.

Истовремено, Хрватска ќе запре со плаќање наемнина за руската Амбасада во Загреб во износ кој варира од 18.000 до 24.000 евра месечно, објави Слободна Далмација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...