Хрватска: Петмина заболени од западнонилска треска се борат за живот

104

Пет лица се борат за живот во загрепска клиника за инфективни болести откако по убод од комарец заболеле од западнонилска треска, јави Индекс.

– Бројот на заразени од опасниот вируссе зголемува – изјави д-р Марко Кутлеша од Институтот за интензивна медицина и инфектологија.

Тој посочи дека петмината заразени се во критична здравствена состојба и се на апарати за дишење.

– Уште други две лица се тешко болни и за нив има сомненија дека се заразени од вирусот, но кај нив не е потврдена болеста – изјави лекарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...